Tuesday, May 12, 2015

ВЕЛЕС



Велес — град во Македонија и центар на истоимена општина. Градот се наоѓа во средишниот дел на Македонија, поточно на бреговите на реката Вардар. Велес е шести град по број на жители во Македонија со вкупно население од 43.716 жители. На северозапад од Велес се наоѓа главниот град на Македонија, Скопје, на североисток се наоѓа градот Свети Николе, на исток се наоѓа градот Штип, на југозапад се наоѓа Прилеп и на југоисток се наоѓаат Кавадарци и Неготино. Велес има мошне поволна географска положба бидејќи е крстопат на меѓународни патни и железнички правци и еден од поглавните транзитни центри во Македонија.
Велес низ историјата се нарекувал со различни имиња, од кои три се најмногу користени. Од самото основање на градот, Велес се нарекувал со името Вила Зора. Подоцна градот се преименувал со името Ќупурли, кое подоцна било заменето со денешниот назив. За време на СР Македонија, но и во првите години од самостојноста на државата, Велес се нарекувал со името Титов Велес, во чест на маршалот Јосип Броз - Тито. Велес како населба постоел уште од 168 година п.н.е. и се наоѓал нешто поисточно од денешаната локација. Бидејќи градот има стратешка позиција, тој бил често мета на различни странски инвазии и окупации и бил дел од различни балкански кралства и држави, почнувајќи од Пајонија па завршувајќи соСФРЈ.
Велес е значаен и познат поголем број работи. Градот бил дом на голем број македонски преродбеници, револуционери, писатели и поети и тој една од лулките на македонската култура. Градот е карактеритичен по својата типична велешка и староградска архитектура. Велес е еден од индустриските центри на Македонија и значаен трговски, транспортен и економски центар.

Велес денес

Местоположба Од осамостојувањето на Македонија на 8 септември 1991 година Велес се соочил со многу кризи. Стопанството, големите капацитети со стари и непродуктивни технологии не ја издржале конкуренцијата на пазарот. Социјалните стеги, падот на стандардот, невработеноста се сѐ уште проблем со кој се соочува градот. Официјално името од Титов Велес било сменето воВелес на 14 септември 1996 година со Законот за територијлната поделба на Република Македонија и одредување на единиците на локалната самоуправа на Македонија. Покрај економските и социјалните проблеми, Велес се соочива и со еколошките проблеми, особено со загадувањето од страна на топилницата која се наоѓа во самиот град. Поради топилницата, Велес важи за „најзагаден град во Македонија“.


Велес има централна местопололжба во Македонија. Недалеку од Велес во југозападен правец се наоѓа централната точка наМакедонија. Градот Велес претставува значаен сообраќаен јазол каде се вкрстуваат најважните патни и железнички сообраќајни правци на меѓународниот сообраќаен коридор кој ја поврзува Европа со Блискиот Исток и Северна Африка. Градот е сместен во долината на реката Вардар, на нејзините два брега во малата Велешка Котлина над Велешката клисура на надморска височина од 206 метри.